Аналитичка опрема за лаборатории

pH метри и сензори

Сè што Ви е потребно за брзо и прецизно одредување на рН, јони, кондуктивност и растворен кислород 

  • лесни за употреба и интуитивни инструменти со највисока прецизност;
  • едноставни и прецизни мерења за работа во движење и најразлични апликации;
  • високо квалитетни сензори со извонредни перформанси за мерење на рН, кондуктивност, јон-селективни, како и оптички сензори за растворен кислород;
  • сертифицирани раствори за калибрација и верификација на перформансите и за одржување на сензорите.

повеќе

Титрација

Одредување на концентрација со највисока прецизност и продуктивност

  • широк опсег на титратори коишто ги покриваат сите титрациски апликации;
  • од наједноставни апликации па сè до автоматизирани системи, контролирани од софтверот LabX со заштита на сите податоци, нудиме целосно решение за Вашата лабораторија;
  • одредување вода во цврсти, течни и гасовити примероци со највисока прецизност.

 

повеќе

Дензитометри

Дигиталните дензитометри мерат густина, специфична густина и други поврзани вредности (alcohol%, Brix°, API степени, Baumé, Plato и др.) со висока прецизност и за кратко време

  • широка палета на преносни и лабораториски дензитометри соодветни за различна апликација;
  • мерењата на терен имаат многу предности: заштедувате време и не се грижите за транспорт на примерокот;
  • лабораториските дензитометри се совршено решение кога се во прашање анализи на течни примероци.

повеќе

Рефрактометри

Дигиталните рефрактометри се совршено решение за мерење во Brix и детерминација нарефрактивен индекс

  • преносните рефрактометри Ви овозможуваат мерења на примерокот на терен;
  • доколку имате неколку различни примероци за анализа, лабораториските рефрактометри Ви овозможуваат креирање на методи за различни примероци со мерење во различни единици - и сето тоа со само еден клик!

повеќе

Термална аналитика

Чистота на супстанците, карактеризација на материјалите и софтверска обработка на повеќе техники

  • компактно решение за одредување на точката на топење на различни супстанци – партнер на Sigma Aldrich, најголемиот производител на стандарди во светот;
  • комплетно портфолио за карактеризација на материјали - диференцијално калориметриско скенирање (DSC) почнувајќи од минусни температури со сите транзиции на материјалот, композиција, стабилност и остаток - од лидерот во технологијата за ваги - термогравиметриски анализатор (TGA), до детерминација на термален коефициент на експанзија (ТМА) со нанометриска резолуција!



повеќе

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, п. фах 39, тел: +(389 2) 2031 193, е-пошта: farmahem@farmahem.mk