11.09.2019 Општина Кочани со благодарница за „Фармахем“ за долгогодишната поддршка на брегалничкиот регион во зачувување на природните вредности

По повод 7 септември – Денот на ослободувањето на Кочани и 75 години од ослободувањето на градот Кочани, на свечена седница на Советот на Општината Кочани беа доделени највисоките општински награди. Наградата за значајни остварувања за развојот на Кочани ѝ припадна на Амбасадата на Швајцарија за изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Кочани.

На овој настан, благодарница за долгогодишната поддршка на брегалничкиот регион во зачувување на природните вредности и промоција на одржливиот и инклузивниот социо-економски развој му беше доделена на „Фармахем“ како координатор на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

На настанот беа доделени награди и благодарници на поединци, компании и здруженија на граѓани заслужни за развојот на општина Кочани.

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk