ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО НА Д-Р ЈОСИФ ТАНЕВСКИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАTA НА B.EN.A

Во периодот од 31.03–01.04.2016 во Скопје во просториите на Техничкиот кампус на УКИМ се одржа Конференција на (Balkan Environmental Association) под наслов GREDIT 2016 (Green Development Infrastructure Technology). Конференцијата започна во спомен на д-р Јосиф Таневски (1946–2010), основач и директор на Фармахем и во таа прилика, проф. Михаил Кочубовски одржа говор во кој се осврна на остварувањата и заложбата на д-р Таневски како еден од основачите на B.EN.A во Р. Македонија и како Национален координатор во периодот 2000–2003 година за B.EN.A во Р. Македонија. Исто така, за време на Конференцијата, беше доделено постхумно признание за животно дело на д-р Јосиф Таневски за неговата долгогодишна посветеност и активно делување во полето на заштитата и унапредувањето на животната средина. Вакво признание беше доделено и на проф. д-р Миле Димитровски и проф. д-р Фокион Восниакос.

 

Фармахем зеде учество и со усна презентација на научен труд под наслов ,,Емисија на азотни оксиди NOx од ложишта на течни горива во воздух". Во научниот труд беа обработени 46 резултати од мерења коишто Фармахем Лабораторијата за животна средина ги има реализирано во периодот 2009–2015 година. Презентацијата на трудот успешно ја изнесе главниот автор на трудот, Маријан Лакс. 


Назад до новости