25 ГОДИНИ ПОСТОЈАНОСТ, РАЗВОЈ И КВАЛИТЕТ – ФАРМАХЕМ ГО ПРОСЛАВИ ЈУБИЛЕЈОТ

 

ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ ПРОСТОР

 

На 1 октомври 2015 година, во чест на јубилејот, 25-годишнината од постоењето, Фармахем го промовира новиот лик на деловниот објект. Новите простории во рамките на дирекцијата опфаќаат површина од 50 m2 (вкупно 550m2), и тоа канцеларија за 6 лица на Секторот дијагностика и лекови, проширена сала за состаноци за 40 лица и простор за кафе-пауза. Промоцијата беше проследена со презентација од страна на раководството за развојот на Фармахем од почетоците до денес, со фотографии обезбедени од првите вработени и коктел за сите вработени.

 

ЕДУКАТИВНО-РЕКРЕАТИВЕН ИЗЛЕТ ВО ВИНАРСКАТА ВИЗБА „ПОПОВА КУЛА“


Тимот на Фармахем го одбележа јубилејот - 25-годишнината, со дводневниот излет во винарската визба Попова Кула. Во рамките на настанот, се одржа Работилница за комуникациски вештини, од страна на CEED - реномирана организација за развој на претприемништвото. Работилницата се состоеше од две предавања и дискусии на теми: „Koмуникациски вештини“ и „Kорпоративна култура“.

Оваа Работилница е дел од бројните активности на Фармахем за јакнење на тимот и личен и професионален развој на вработените. Дел од обуката се состоеше од практични вежби, при што вработените имаа можност да работат во групи и да ги вежбаат презентираните модели на комуницирање. Воедно, вработените имаа можност да ја посетат винарската визба и да дегустираат различни видови вино, како и да прошетаат во околината на лозовите насади покрај течението на реката Дошница, со организиран пикник во природа.


Назад до новости