СЕМИНАР METTLER TOLEDO: Тhe Perfection of Analytics / Совршенството во аналитиката

На 11.03.2014 година, Фармахем одржа семинар за аналитичка опрема METTLER TOLEDO на тема: Тhe Perfection of Analytics / Совршенството во аналитиката“. За таа цел, беа поканети двајца експерти од  Mettler Toledo, Jérôme Salichon, одговорно лице за продажба и Thomas Hitz, специјалист за апликации. На настанот беа презентирани новиот автоматски систем за дозирање Quantos - Powder & Liquid Module  и автоматски систем за титрација Mettler Toledo Excellence Titrator T70.

 

На настанот учествуваа 73 претставници од лаборатории од различни сфери на работење: фармацевтската индустрија, медицински сектор, Институти при Земјоделски факултет, ветеринарство, Центрите за јавно здравје, прехранбената индустрија (млекарници, винарии), нафтената индустрија и др. Учесниците имаа можност да ги продлабочат своите знаења за аналитичките техники и стандарди, но и интерактивно да поставуваат прашања, да дискутираат за проблемите со кои се среќаваат во секојдневното лабораториско работење и на крај и практично да работат на инструментите. 

 

Лице за контакт:

 

Горан Карбевски

дир. тел.: + (389 2) 20 33 834
тел.: + (389 2) 20 31 193, лок. 34
е-пошта: gorankarbevski@farmahem.com.mk

 

Милена Стојанова

дир. тел.: + (389 2) 20 33 839
тел.: + (389 2) 20 31 193, лок. 39
е-пошта: instrumenti@farmahem.com.mk


Назад до новости