ПЛАКЕТА ЗА НАЈДОБРИ ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНИ ПРАКТИКИ ЗА 2012

 

„Фармахем“ по седми пат доби престижно национално признание за најдобри општествено одговорни практики, плакета за 2012 година, за проектот „Фармахемчињата се нашата иднина“, во категоријата Однос кон вработените. Наградата ја доделува Националното координативно тело за ООП, Министерството за економија на РМ и Иницијативата „Европски систем за наградување на ООП“, која во Македонија ја спроведува Асоцијацијата Зенит.

 

Целта на проектот е на децата на вработените да им се овозможи подобро да се запознаат и да се зближат со компанијата во којашто работат нивните родители. Оваа посета се одржа на 27 октомври 2012 година и на неа учествуваа 11 деца. Децата низ игра, експерименти и едукација нацртаа цртежи коишто се искористени за илустрирање на календарот, роковникот и новогодишната честитка на Фармахем за 2013 година.

Долгорочна цел на проектот е да премине во традиција и да се организираат и посети на децата од основните училишта од локалната заедница.

 

Фармахем отсекогаш инвестирал во проекти за грижата за здравјето и благосостојбата на вработените и веќе два пати добил национална награда во категоријата Однос кон вработените, во 2009 за проектот: „Зајакнување на капацитетите за тимска работа и градење на лојалност кон фирмата” и во  2011 за проектот: „Поттикнување на здрав начин на живот и љубов кон природата – по стапките на Жане”.


Марјана Шушлевска

Александра Петровска-Горин

Лица одговорни за ООП во Фармахем


Назад до новости