УЧЕСТВО НА IV КОНГРЕС НА ЕКОЛОЗИ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Во периодот од 12 до 15 октомври во Охрид, претставници на Фармахем од Секторот за еколошки консалтинг присуствуваа на IV Конгрес на еколози на Македонија со меѓународно учество како и на одбележувањето на 40 години од формирањето на Македонското еколошко друштво.

 

На овој Kонгрес беа презентирани современите научни сознанија и достигнувања на модерната екологија и науката за животната средина како од Македонија така и од другите земји во регионот.

 

Во рамките на Kонгресот, Фармахем доби благодарница за својата долгогодишна несебична поддршка и придонес кон работата на Македонското еколошко друштво, како и за меѓусебната успешна соработка.

 

Исто така, на овој конгрес, Фармахем учествуваше и со презентација на научниот труд: „Ниво на бучава во урбана средина предизвикана од угостителски објекти за забава“.  


Назад до новости