15.12.2019 Фондот за иновации и технолошки развој со финансиска поддршка на проектот ,,МИКРОЕКОˮ на Фармахем лабораторијата за животна средина

Фондот за иновации и технолошки развој, преку инструментот Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, одобри финансиска поддршка на проектот ,,МИКРОЕКОˮ - иновативна технологија со примена на аеробни микроорганизми до помалку пестициди во почвитево износ од 290.889,06 EUR.

Со реализацијата на проектот,,МИКРОЕКОˮ ќе се добијат во исто време иновативен производ и услуга. Предвидено е да се развие иновативна технологија со употреба на иновативен производ за третман со аеробни гранулирани микроорганизми врз почви загадени со пестициди. За квантификување на успешноста на производот, ќе се набави опрема и ќе се акредитираат методи за анализа на линдан во примероци од почва од страна на Фармахем Лабораторија за животна средина, која е акредитирана според стандардот ISO 17025 наменет за лаборатории за тестирање и калибрација.  Примената на производот ќе придонесе за решавање на проблемите со загадувањето на почвите, индустриското загадување, а со тоа и на загадувањето на подземните и површинските води, воздухот, како и на употребата на земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето.

http://www.fitr.mk/

Име на компанија

Име на проект

Резиме

Буџет на проект

Сопствено

ко - финансирање

ФИТР ко - финансирање

Вкупен буџет на проект

ФАРМАХЕМ ДООЕЛ

,,МИКРОЕКОˮ - иновативна технологија со примена на аеробни микроорганизми до

помалку пестициди во почвите

„МИКРОЕКО“ е развој на иновативна технологија за развивање и употреба на иновативен производ за третман со аеробни гранулирани микроорганизми врз почви загадени со пестициди.

Примената на производот ќе придонесе за решавање на проблемите со загадувањето на почвите, индустриското загадување, загадувањето на подземните и површинските води, воздухот, како и на употребата на земјоделските производи кои директно влијаат врз здравјето на луѓето.

193.926,04

40,00%

290.889,06

60,00%

484.815,10

.........................................................................................................................................................................................................................................................................................................

Назад до новости

Адреса: Кичевска бр. 1, 1060 Скопје, П. Фах 39, Тел: +(389 2) 2031 193, Факс: +(389 2) 2031 434, е-пошта: farmahem@farmahem.com.mk